Aларов: Сакаме да го победиме Бахреин за уште подобра атмосфера!

Maкедонската ракометна репрезентација вечерва го игра првиот натпревар на подготвителниот турнир во Швајцарија, а противник е селекцијата на Бахреин.

Пред овој дуел изјава за медиумите даде репрезентативецот, Михаил Аларов кој истакна дека атмосферата е на високо ниво и сите успеале барем малку да се одморат по тешкиот пат.

„Атмосферата е одлична, успеавме колку толку да се одмориме, иако имавме тежок пат. Утрово имавме некоја активација да се видиме до каде сме и можам да кажам дека е одлично. Подготвени сме за вечерва, стручниот штаб има некои тактики кои ќе се обидеме да ги спроведеме вечерва како за прв натпревар пред Европското првенство, ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да победиме пред се за нас за да ја кренеме атмосферата и уште повисоко ниво“.

Натпрееварот вечеррва се игра во терминот од 20:30 часот, а во наредните два дена ќе ги одмериме силите уште со Украинна и домаќинт Швајцарија.