Шортс скромен во победата на Панатинаикос, нови триумфи за Реал Мадрид и Монако

Кошаркарите на Панатинаикос славеа со 84-71 против Виртус Болоња, додека Реал Мадрид триумфира со 98-86 против Макаби Тел Авив.

Грчкиот гигант ја најави победата уште во првиот дел, откако го доби полувремето со 39-33. Во вториот дел италијанската екипа се обиде да возврати, но не ѝ одеше во нападот, па Ти-Џеј Шортс и другарите остварија лесна победа.

Шортс беше скромен во мечот и го заврши со само четири поени, еден скок и пет асистенции, додека најефикасен беше Кендрик Нан со 21 поен, пет скокови и три асистенции.

Макаби Тел Авив ја доби првата четвртина со 25-21, но тоа го разбуди „кралскиот клуб“ кој доминираше во продолжение и успеа да оствари триумф со 98-86. Најефикасен во победата беше Марио Хезоња со 16 поени, четири скокови и три асистенции.

Резултати:
Дубаи - Фенербахче 92-81
Панатинаикос - Виртус Болоња 84-71
Валенсија - Монако 92-101
Реал Мадрид - Макаби Тел Авив 98-86