Најзгодната италијанска водителка во проѕирна блуза бегаше од – прскалките (ВИДЕО)

Една од најзгодните италијански фудбалски новинарки, Елеонора Инкардона, доживеа непријатна незгода додека известувала од натпреварот меѓу Интер и Болоња во италијанското првенство, кога ненадејно се активирале прскалките за наводнување додека била покрај теренот.

Атрактивната водителка моментот го споделила со своите следбеници на Инстаграм, каде што е исклучително популарна. Инкардона со години е едно од препознатливите лица на спортската платформа ДАЗН, а нејзина примарна задача е теренско известување од најголемите фудбалски натпревари.

Неодамна беше потврдено и дека е во врска со фудбалерот на Милан, Сануеле Ричи, иако двајцата подолго време ја држеа приватноста далеку од јавноста. Таа дополнително се истакна и со своето известување од Светското клупско првенство во САД. Јавноста за првпат ја запознала во 2010 година преку изборот за Мис Италија, што ѝ ги отворило вратите кон светот на медиумите. Инкардона ужива во голф, Формула 1 и автомобили, а својот професионален и приватен живот го споделува со повеќе од 1,4 милиони следбеници на социјалните мрежи.