Македонија со триумф против Бахреин го почна „Жолтиот Куп“

Македонската ракометна репрезентација вечерва славеше со 32-28 против Бахреин во првиот меч од „Жолтиот куп“ во Швајцарија, со што имаше успешен старт на завршните подготовки пред настапот на Европското првенство (ЕП).

Првите 10 минути од натпреварот поминаа без многу постигнати голови, односно Македонија водеше со 4-2, по што нападите на двете екипи почнаа да фаќаат ритам и на полувремето избраниците на Кире Лазаров заминаа со предност од 15-13.

Бахреин ја подобри играта на стартот на вториот дел и ги искористи грешките на нашата селекција, па успеа и да направи пресврт (20-19), по што Македонија се созема и влезе во голгетерска серија за на крајот да слави со 32-28.

Македонија утре игра против Украина, а в сабота е закажана пресметката против Швајцарија.