Милан се радува на бод против Џенова: Станчиу промаши пенал во 99. минута (ВИДЕО)

Милан пропушти шанса да го одржи чекорот со Интер, откако денеска на домашен терен ремизираше против Џенова (1-1) во 19. коло од Серија А.

Џенова до водство стигна по речиси половина час игра, кога Лоренцо Коломбо погоди за 1-0, а Милан потоа стрелаше преку Кристијан Пулишиќ во 58. минута, но ВАР-технологијата го поништи голот поради игра со рака.

Рафаел Леао во втората минута од судиското надополнување успеа да израмни на 1-1, но потоа Џенова доби пенал и одговорноста ја презема Николае Станчиу.

Станчиу го промаши цел гол на „росонерите“ во деветтата минута од надополнувањето, по што судијата означи крај на средбата.