Реал Мадрид доби огромно засилување пред финалето со Барселона во Суперкупот
Тренерот Чаби Алонсо по победата против Атлетико Мадрид (2-1) кажа дека добива огромно засилување за финалето против Барселона, а тоа е враќањето на Килијан Мбапе.
„Мбапе се чувствува многу подобро, ќе пристигне во Саудиска Арабија и ќе има шанса да заигра“, кажа Алонсо.
Финалето во Суперкупот на Шпанија ќе се одигра на 11 јануари од 20 часот.