Синер и Алкараз за еден меч во Јужна Кореја ќе заработат богатство!

Карлос Алкараз и Јаник Синер овој викенд ќе одиграат меѓусебен меч во Јужна Кореја, а тоа ќе им ги наполни џебовите.

Првиот и вториот тенисер во светот ќе ја почнат 2026 година со меѓусебна пресметка во Сеул, а притоа ќе заработат по два милиони евра.

Тоа се повеќе пари во споредба со поразениот финалист на Австралијан опен, кој ќе добие околу 1,23 милиони евра.

Австралијан опен оваа година најави зголемување на наградниот фонд за 16 отсто, па така победникот ќе освои дури 2,4 милиони евра.

Фото: EPA