Трабзонспор не се шегува - ангажира уште една поранешна ѕвезда на Ливерпул!

Трабзонспор продолжува да гради сериозен тим, а по ангажманот на Мохамед Салах, турскиот клуб доведе уште едно добро познато име од златната генерација на Ливерпул – Фабињо.

Бразилскиот играч за врска пристигнува како слободен агент по истекот на договорот со Ал-Итихад, а неговиот трансфер веќе е официјализиран. Фабињо повторно ќе биде соиграч со Салах, со кого играа на „Енфилд“ и беа дел од тимот кој во 2019 година ја освои Лигата на шампионите, а една година подоцна ја освои и Премиер лигата.

Фабињо во Ливерпул пристигна во 2018 година од Монако и за пет сезони освои низа трофеи, меѓу кои ЛШ, Премиер лигата, ФА Купот, Лига купот и Светското клупско првенство. Во 2023 година го напушти Англија и се пресели во Ал-Итихад за околу 47 милиони евра.