Иста приказна, 15 години подоцна: Хил Марин повторно блокира Аргентинец
Во јануари 2011, Агуеро го продолжи договорот со Атлетико до 2014 година. Сепак, само шест месеци подоцна подоцна, аргентинскиот напаѓач јавно порача дека сака да го напушти клубот.
Негова преферирана дестинација беше Реал Мадрид, иако за неговиот потпис сериозно се интересираше и Јувентус. Но, Хил Марин беше категоричен дека Агуеро нема да биде продаден на градскиот ривал. Наместо тоа, Атлетико ја разгледуваше можноста Аргентинецот да замине во странство. Тогаш во приказната се појави Манчестер Сити, кој испрати конкретна понуда и успеа да го доведе Агуеро во летото 2011 година.
Деценија и пол подоцна, истата ситуација повторно се случува во Мадрид. Овојпат во центарот на вниманието е Хулијан Алварез. Аргентинскиот напаѓач се најде во комплицирана ситуација со Атлетико, а повторно клучната фигура е Хил Марин.
Сличностите се впечатливи – ист клуб, ист извршен директор и аргентински напаѓач кој сака да ја контролира својата иднина. Алварез во меѓувреме се поврзува со Арсенал, кој е подготвен да го засили нападот со една од најголемите ѕвезди на Атлетико, а во играта се вклучи и Челси. Сепак, мадридскиот клуб не сака лесно да се откаже од својот напаѓач.