Ливерпул притиска за ангажман на Баркола, клубовите се сѐ поблиску до договор!

Црвените од Енфилд не се откажуваат од намерата да го ангажираат Бредли Баркола од ПСЖ и покрај високите барања на ПСЖ.

Последната понуда на ПСЖ за Баркола изнесуваше 115 милиони евра, но таа беше одбиена од францускиот клуб.

Сепак информациите на „Л'Екип“ велат дека преговорите меѓу двата клуба прогресираат и милион по милион разликата станува поблиска.

Се верува дека до крајот на преодниот рок ПСЖ и Ливерпул ќе успеат да се договорат и Баркола ќе заигра на Енфилд.