Дерби без голови на „Емирати“: Арсенал и Ливерпул ги разочараа навивачите (ВИДЕО)
Ливерпул прв посериозно се закани во 27. минута кога Бредли погоди пречка, а потоа Арсенал се закани преку Тросар, меѓутоа не го загрози голот на гостите.
Собослаи имаше уште неколку шанси до крајот на средбата, но Арсенал успешно се бранеше од нападите на Ливерпул.
Арсенал останува лидер со 49 бодови, додека Ливерпул е на четвртата позиција со 35 поени.