Брутална пресметка меѓу Симеоне и Винисиус: Перез ќе те шутне од клубот! (ВИДЕО)

Диего Симеоне и Винисиус Жуниор беа едни од главните актери за време на дербито меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид (2-1) во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Бразилецот и Аргентинецот се скараа завреме на натпреварот, а по провокациите од Винисиус следеше брутален одговор од страна на Симеоне.

„Вини, Вини... Флорентино Перез ќе те шутне, запомни убаво што сум ти кажал“, му порача Симеоне на Бразилецот.