Прв тест за Македонија во 2026 година - гледајте го натпреварот со Бахреин во живо!

Maкедонската ракометна репрезентација вечева го игра првиот натпревар на турнирот во Швајцарија, а противник е селекцијата на Бахерин.

Избранците на Кире Лазаров од вчера се во Винтертур каде што одаботија и еден тренинг пред денешниот дуел кој се игра со почеток од 20:30 часот. Пренос на некоја од телевизиите не е обезбеден, но истиот ќе може и да го проследите на линкот - ТУКА.

Од македонскиот табор пред дуелот најавија дека иако сакаме да победиме, сепак резултатот сега ќе биде во втор план и фокусот ќе биде ставен на подобрување на тактичките замисли на стручниот штаб пред Европското првенство.

Македонија во Швајцарија во следните два ден ќе одигра и уште две средби против Украина и домаќинот Швајцарија.