ПСЖ му нуди доживотен договор на Луис Енрике, тој планира - да си оди!

Како гром од ведро небо доаѓа веста од Франција во врска со иднината на Луис Енрике на клупата на ПСЖ.

Шпанскиот стручњак наводно одлучил да не го продолжи договорот со парискиот гигант, иако речиси сите очекуваа да се случи спротивното. Според угледниот германски „Билд“, Луис Енрике ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната, поточно на лето кога му истекува договорот.

Оваа информација изгледа уште пошокантна ако се земат предвид резултатите што Енрике ги постигна минатата сезона, кога на парискиот клуб му донесе историски титули и практично ги испиша најсјајните страници во неговото постоење. Според достапните информации, главната причина за одбивањето на нов договор од страна на Енрике лежи во неговата желба за нов предизвик.

Шпанецот наводно верува дека постигнал сè што можело да се постигне во Париз и дека дошло време за нов чекор во неговата кариера. Она што е особено интересно е што Енрике ќе биде слободен тренер на крајот на јуни, што го прави исклучително привлечна опција за националните селекции, но и за големите европски клубови кои планираат нов циклус по Светското првенство.

Постои и друга страна на приказната. ПСЖ не беше толку доминантен оваа сезона како што беше во минатото. Иако нивните резултати не се катастрофални, „светците“ моментално се втори во Лига 1, со еден бод зад Ленс, додека во Лигата на шампионите се само трети зад Арсенал и Баерн. За клуб навикнат на апсолутна доминација, тоа не е доволно.