Мистеријата со тенисерката од Египет стана уште поголема: Никој не знае како се нашла на турнирот
Настапот на Абделкадер во поразот против, Германката, Лорена Шедел (6-0-6-0) на теренот изгледаше трагикомично и беше очигледно дека таа никогаш претходно нема држено рекет во раце, дури ниту на аматерско ниво. Ова воедно бил и нејзиниот прв официјален меч во кариерата.
Иако станува збор за турнир од понизок ранг, сепак тоа е сениорски ИТФ турнир на кој настапуваат професионални тенисери, па јавноста ширум светот се прашуваше како е можно да дојде до ваков пропуст и како Абделкадер воопшто се појавила на вакво натпреварување.
Посебно внимание привлекоа снимките од мечот на кои се гледа дека таа не ги познава основните тениски правила, па противничката ѝ објаснува што треба да направи и каде да се позиционира пред сервис.
What did I just watch? An ITF Tennis tournament in Nairobi, Kenya.
— Hrach Khachatryan (@hrachoff) January 7, 2026
A player, Abdelkadar, who received a wildcard, didn’t seem to know how to play tennis — how to serve, from which side to serve — it looked like it was her first time on a court.
She won just 3 points and made 20… pic.twitter.com/rfEdkutq5I
Поради жестоките реакции и притисокот од јавноста, мораше да се огласи и Египетската тениска федерација, која дополнително ја продлабочи мистеријата. Од таму соопштија дека ниту тие не знаат која е Абделкадер, дека таа не е членка на федерацијата и дека нема никаква поврзаност со тенисот во Египет.
„Тенисерката не е регистрирана во евиденцијата на Египетската тениска федерација, ниту е дел од кој било официјален список на машки или женски играчи. Ги проверивме достапните податоци и тие укажуваат дека таа моментално престојува во Кенија“, се наведува во официјалното соопштение на федерацијата, кое го пренесоа арапските медиуми.
Од федерацијата додаваат и дека таканаречената „вајлд-карта“, односно специјалната покана за настап, најверојатно ѝ била издадена од страна на Кениската тениска федерација.
„Ние немавме никаква улога или интервенција во овој процес, ниту преку номинација, ниту преку барање или одобрување. Нашата федерација на никаков начин не учествувала во процедурите за пријавување на играчката на турнирот или во нејзиното учество. Не поседуваме никакви технички, административни или натпреварувачки информации поврзани со неа или со околностите на нејзиниот настап“, се додава во соопштението.