Шпанскиот Суперкуп се сели од Саудиска Арабија
Причината за тоа е што догодина во овој период ќе се игра Азиското првенство чиј домаќин е токму Саудиска Арабија, па Фудбалската федерација на Шпанија веќе бара нова земја каде ќе се одржи натпреварувањето. Многу веројатно тоа ќе се пресели во главниот град на Катар, Доха и се чека само официјална потврда од Федерецијата.
Саудиска Арабија, наводно, сака да го продолжи договорот на уште неколку години, но Катар во ова гледа шанса да биде организатор на уште едно големо и популарно натпреварување. Катарците се подготвени да понудат поголеми парични награди што ќе биде исклучително важен момент во „лицитацијата“.