Заврши одморот за Вардар: Лидерот во ПМФЛ ги „запали моторите“
Тренингот вардарци го одработија во својата база во Хиподром, а тренерот Гоце Седлоски не можеше да смета на комплетниот состав.
Отсутни на првиот тренинг беа: Роџерс Мато, Фаустин Сенхор, Ибрахим Олаосебикан и Ворен Чимпембе кои во наредните денови треба да се приклучат на тимот.
Првата фаза од подготовките Вардар ќе ја помине во Скопје, а потоа тимот на 13-ти јануари патува за Анталија каде што ќе останат до 3-ти февруари и ќе одиграат неколку контролни натпревари кои дополнително ќе бидат потврдени.