Балотели се договорил, има нов клуб

Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели како што стојат работите успеа да пронајде нов ангажман и потпишал договор со 13. клуб во неговата кариера.

Последниот ангажман Балотели го имаше во Џенова, а сега како што објави „Скај Италија“ продолжува во Саудиска Арабија во редовите на Ал Етифак.

Ангажманот во Џенова не помина славно за Балотели и беше обележан со конфликтот со тренерот Патрик Виера поради кој и не играше пред истекот на соработката. Во последните месеци се поврзуваше и со други италијански клубови од Серија А и Серија Б, но сепак не се врати во татковината.

Информациите на Џанлука Ди Марцио се дека Балотели со Ал Етифак се договорил за соработка до 2028 година. Низ кариерата Балотели досега беше дел уште од: Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор и Сион.