Шкендија се раздели со еден од најстандардните
Договорот меѓу Шкендија и Ќака беше со важност до 30 јуни годинава, но менаџментот на актуелниот шампион на Македонија, како што објави, го раскина шест месеци пред неговиот истек. Причината е џентлменска - Шкендија сака да му овозможи на 30-годишниот плејмејкер да бара клуб каде би можел дополнително да се развива.
Сезонава Ќака беше еден од најстандардните во тимот на Шкендија, настапи на вкупно 25 меча во сите натпреварувања со вкупно 1.298 одиграни минути.