Толку од боксот за Џошуа, веќе никогаш повторно нема да влезе во рингот!

И понатаму тема во светските медиуми е Ентони Џошуа кој по победата над Џејк Пол имаше страшна сообраќајна несреќа во Нигерија во која загинаа двајца негови пријатели, а според последните информации по таа трагедија боксерот донел одлука да стави крај на кариерата.

Нигерискиот весник „Пунч“ стапил во контакт со неговиот чичко, Адедамола Џошуа, кој не само што изјавил дека неговиот внук размислува за крај на кариерата, туку за тоа зборувал како за веќе донесена одлука.

„Најважно е што се повлече од боксот“, започнал Адедамола Џошуа, па додал:

Поради тоа сме многу среќни, бидејќи емоциите нè носат секогаш кога го гледаме во рингот. Секој пат кога ќе падне во нокдаун, имаме чувство дека срцето ќе ни излезе од градите.“

Чичкото на Џошуа истакнува дека целото семејство има трауми од неговиот професионален ангажман во рингот и дека е среќен што неговиот внук се повлекува во моментот кога и понатаму ужива голема слава по победата над Пол.

На прашањето на нигерискиот новинар дали Ентони лично им соопштил на членовите на семејството дека одлучил да се пензионира, Адедамола кратко потврдил: „Да.“

Од британските медиуми „протече“ и информација дека Џошуа до крајот на својот живот ќе се грижи на семејствата на двајцата загинати во несреќата, Син Гами и Латиф Ајоделе.