„Ќе се бориме до крај на секој меч, на ЕП доаѓаме без никаква ментална и психичка пречка“

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Винтертур, Швајцарија каде што ќе одигра натпревари против Бахреин, Швајцарија и Украина во „Жолтиот куп“ во рамки на завршните подготовки за настапот на Европското првенство (ЕП).

Ракометарите првиот тренинг во Винтертур ќе го имаат од 18 часот, а пред него Мартин Серафимов кажа дека во соблекувалната владее одлична атмосфера и ќе дадат 100 отсто од себе на сите натпревари на ЕП.

„Можам да кажам дека имаме многу квалитетни ракометари во репрезентацијата. Играме добри натпревари и останува да се воиграме повеќе. Не знам за тактичкиот дел, но знам дека ќе го дадеме максимумот. Ќе влеземе со 100% во натпреварите. Данска е ракометен гигант со години, а Португалија е во подем и нивните ракометари играат во Лигата на шампиони, имаат поквалитетни натпревари, но ние ќе се бориме до последна минута. Ниту еден противник не потценуваме, ќе влеземе максимално во сите дуели. Мислам дека сме на добар пат да влезе на ЕП без никаква ментална и психичка пречка“, кажа Серафимов.

Македонија на ЕП се наоѓа во група со Данска, Португалија и Романија.