Струга се засили со младински репрезентативец на Македонија
Зенделовски својата фудбалска кариера ја започна во Шведска во младинските категории на Малме, а потоа настапуваше за Сковде и Олимпик од каде што доаѓа во Струга.
Станува збор за фудбалер кој игра на позицијата последен играч за врска и во изминатиот период беше стандарден во репрзентацијата до 21 година и настапи во квалификациите за Европското првенство.
Претходно исто така беше дел од репрезентациите до 17, 18 и 19 години.