Шкендија потпиша со еден од најдобрите голгетери во ПМФЛ!
Нзенгуе во Тетово пристигнува како слободен фудбалер, а Шкендија трансферот го потврди преку социјалните мрежи.
Во Шкендија очекуваат тој да биде одлично засилување за тимот на Јетон Беќии бидејќи во првиот дел од сезоната на 16 натпревари постигна осум погодоци.
Претходно Шкендија во овој преоден рок се засили Дрилон Ислами од романскиот Клуж.