Фалкао не се откажува, ќе игра и на 40 години!

Легендарниот колумбиски голгетер Радамел Фалкао, денеска според најавите го потпиша својот последен договор во кариерата и повторно ќе игра во неговата татковина.

Фалкао пред шест месеци го напушти Милионариос, меѓутоа по половина година без ангажман повторно стави потпис на договор со овој клуб.

Неговиот трансфер доаѓа како подарок за навивачите за 80-тиот роденден на Милионериос.

Поранешниот голгетер кој во Европа меѓу другите настапуваше за клубови како Челси, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед...на 10-ти февруари ќе наполни 40 години, па така многу веројатно ова е неговиот последен професионален договор.