Хаос на АФКОН: Еден од најголемите фаворити се откажува од турнирот поради пари?!
Според извештајот на новинарот на „Би-Би-си“, Олувашин Окелеи, фудбалерите и официјалните лица сè уште ги чекаат ветените исплати, и покрај одличните настапи на турнирот каде што досега обезбедиј четвртфинале.
„Играчите и тренерскиот персонал на Нигерија ги чекаат исплатите на бонусите. Станува збор за бонуси кои им беа ветени за победи против: Танзанија, Тунис, Уганда и Мозамбик“, објави новинарот додавајќи дека репрезентацијата и натаму е фокусирана, но нема да тренира, ниту ќе патува во Маракеш во четврток доколку ова не се реши.
Нигерија досега има одличен турнир со три победи во групната фаза, а во осминафиналето убедливо го совлада Мозамбик со 4-0 и обезбеди дуел со Алжир. Сепак, овој финансиски спор се заканува сериозно да ги наруши подготовките во најважната фаза од натпреварувањето.
Ќе потсетиме, претходно оваа репрезентација се најде и во центарот на вниманието поради конфликт помеѓу Лукман и Осимен по победата над Мозамбик.