Нигеријците го уништија Мозамбик, па се испокараа меѓусебе! (ВИДЕО)
Главните ѕвезди на Нигерија, Виктор Осимен и Адемола Лукман влегоа во кавга.
Осимен беше гневен на својот соиграч поради неговата себичност кога при една шанса наместо да му ја подаде топката, тој реши сам да завршува.
Напаѓачот на Галатасарај му се развика на својот соиграч влејќи му дека ова е тимска игра, а тој му врати: „Веќе имаш дадено два гола“.
Осимен беше дотолку лут што по последниот свиреж на судијата директно замина во соблекувалната, за разлика од неговите соиграчи кои останаа на теренот да ја прослават победата.