Фулам поднесе жалба поради контроверзниот гол на Вирц (ВИДЕО)

Флоријан Вирц и неговиот гол за Ливерпул во ремито против Фулам (2-2) предизвика бура на социјалните мрежи.

Лондонскиот тим поднесе жалба и смета дека Вирц постигнал гол од очигледен офсајд, па побара детално објаснување од судиската организација за признавањето на погодокот на „црвените“.

„Стандард Спорт“ објави дека барањето за објаснување на голот се фокусира на специфичната калибрација на технологијата и прашањето зошто визуелните докази биле во спротивност со резултатот. Клубот сака да го разбере процесот кој помогнал да се признае голот.