Неверојатно: Новиот тренер на Јунајтед може на терен да ги испрати двата сина!

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Дарен Флечер во мечот против Барнли може да испише историја ако ги внесе во игра двата сина, Џек и Тајлер.

Повозрасниот син Џек веќе настапи на три меча во Премиер лигата за „црвените ѓаволи“, додека Тајлер го чека своето деби, па новинарите ги интересираше дали Флечер ќе ги пушти своите синови во игра.

„Нема ништо да ви откријам. Тие се дел од групата и тренираа во понеделникот. Веќе некое време се во составот“, кажа Флечер.

Фото: EPA