Гвардиола го брка човекот кој шест пати ја освои лигата со Манчестер сити

Манчестер сити планира да направи ремонт на екипата во јануари со цел да создаде поконкурентен тим во трката за титулата во Премиер лигата.

Тренерот Пеп Гвардиола повеќе не е задоволен од дефанзивецот Џон Стонс, кој пристигна во 2016 година за 56 милиони евра.

Стонс со „граѓаните“ дури шест пати ја освои Премиер лигата, но повеќе не е во плановите на Гвардиола кој сака освежување во одбраната.

Како главна желба на Гвардиола се споменува дефанзивецот Марк Гуеи, а за да отвори простор во тимот планира да го продаде англискиот фудбалер.