Дебитираше во Премиер лигата на 19 години, а неговата мајка врескаше од радост (ВИДЕО)
Младиот фудбалер токму против лидерот на табелата во Премиер лигата го запиша својот прв настап во најсилната конкуренција во англискиот фудбал. Унаи Емери му даде шанса да го почувствува теренот на 10-тина минути пред крајот кога натпреварот веќе беше решен и Арсенал водеше со 4-0.
Тој момент беше посебен и за неговите најблиски, па така на социјалните мрежи се појави снимка од реакцијата на неговата мајка.
Станува збор за фудбалер кој игра како офанзивен играч за врска, а во Астон вила пристигна во 2023 година од Вест Бромович, прво во тимот до 18-години, за потоа да напредува и во У21. Очигледно во клубот од Бирмингем веруваат во него, па полека покажуваат дека ќе сметаат на него и на највисоко ниво.