Вардар не го дава Мато - одбиена понуда од лидерот во Шкотска!

Екипата на Вардар во овој преоден рок одбила понуда за својот најдобар фудбалер Роџерс Мато и тоа од лидерот во шкотската Премиер лига.

Хартс кој е на добар пат да ја прекине доминацијата на Ренџерс и Селтик во шкотскиот фудбал „тропнал на вратата“ на Вардар со понуда од 350.000 евра.

Сепак, од редовите на Вардар добиле јасен одговор.

„ФК Вардар АД доби понуда за продажба на играчот Кассим Рогерс Мато од екипата на Хартс од Шкотска, во висина од 350 000 евра, која беше одбиена без размислување“, стои во соопштението од вардарци.

Во првиот дел од сезоната Мато постигна 12 гола, но и се соочи со повреда која веќе е минато и Вардар очекува да го има на располагање со почетокот на пролетниот дел од сезоната.