Толку беше од Шчесни - си оди на крајот од сезонава

Барселона веќе ги крои плановите за следната сезона, а во нив нема место за искусниот полски голман Војчех Шчесни. Kаталонскиот клуб, очекувано, нема да му понуди продолжување на договорот, кој истекува во јуни 2027 година.

Така, по две години во Барселона, Шчесни најверојатно ќе го заврши својот престој на „Камп Ноу“, но не само тоа, туку и ќе ја заврши кариерата. Неговиот ангажман беше необичен – полскиот голман претходно објави пензионирање, но ја промени одлуката и се врати меѓу стативите по повредата на Марк-Андре Тер Штеген.

Шчесни пристигна во Барселона во октомври 2024 година и помогна во периодот кога клубот имаше сериозни проблеми на голманската позиција. Со тимот освои неколку трофеи, но во актуелната сезона добива малку простор за настапи, особено по доаѓањето на Жоан Гарсија. Барселона веќе ја подготви и замената. Хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ беше ангажиран во летниот преоден рок за околу два милиони евра, а планот е од следното лето да ја преземе улогата на втор голман зад Жоан Гарсија.

Ливаковиќ досега имаше ограничена минутажа, но во клубот сметаат дека периодот на адаптација ќе му помогне да биде подготвен за новата улога.