Три важни пресметки во Првата лига: Вардар, Струга и Шкендија на тешки гостувања

Со три интересно натпревари, кои можат да донесат значајни промени на табелата, денеска продолжува, односно завршува 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. Трите последни шампиони на Македонија, Вардар, Шкендија и Струга имаат тешки гостувања.

Вардар гостува кај Арсими, натпреварот во Гостивар започнува во 12 часот, а „црвено-црните“ ќе се обидат да стигнат до бодови по убедливиот пораз од Тиквеш во претходното коло. Ова е можеби последна шанса за бранителот на титулата да се врати во игра за врвот бидејќи заостанувањето зад Струга веќе изнесува осум бода.

Во истиот термин, во Кратово, Силекс ќе ја пречека Струга. Стружани се на врвот на табелата и секој бод им е важен во трката за задржување на лидерската позиција. Силекс, пак, традиционално е незгоден домаќин, па гостите ги очекува сериозен предизвик.

Третиот натпревар е закажан за 13 часот во Кавадарци, каде што Тиквеш ќе ја пречека Шкендија. Ова е дербито на денешната програма, со оглед на амбициите на двете екипи и нивната позиција во горниот дел од табелата. Кавадарчани влегуваат со самодоверба по убедливата победа од 3-0 против Вардар во претходното коло, додека Шкендија ќе се обиде да се врати на победничкиот пат по ремито со Силекс.

Претходно, во ова коло, Скопје славеше со 2-1 на гостувањето кај Башкими, а Шкендија Арачиново и Брегалница одиграа без голови.