Шмајхел: Ламенс сè уште има трауми од Мундијалот!

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел, смета дека Сене Ламенс сè уште ги чувствува последиците од грешката што ја направи против Шпанија на Светското првенство (СП).

Шмајхел смета дека поради та грешка Ламенс ја загубил самодовербата и сè уште има трауми од Мундијалот.

„Имам чувство дека по таа грешка малку ја загуби самодовербата и дека сè уште не успеал целосно да се опорави“, кажа Шмајхел.

Ламенс не се прослави против Спортинг Лисабон, иако одбрани пенал, но потоа направи грешка и му дозволи на ривалот да добие најстрога казна, а подоцна ја испушти топката за ривалот да постигне нов гол.

Фото: Facebook/Manchester United