Маркез откри зошто решил да се повлече од Мото ГП

Марк Маркез ја шокираше спортската јавност со одлуката да стави крај на својата кариера во Мото ГП, а во интервју откри дека зад неговото повлекување стои долгогодишната борба со повредите и здравствените проблеми.

Шпанскиот ас објасни дека научил лекција од тешкиот период меѓу 2020 и 2022 година, кога постојано се соочуваше со сериозни проблеми. Тој решил да го слуша сопственото тело и да не ја игнорира пораката дека е време да стави крај.

„Сепак научив нешто во периодот од 2020 до 2022 година и сега конечно го слушам своето тело. Тоа беа тешки години. Во Мото ГП влегов по сопствена желба во 2013 година, а сега заминувам на свој начин. На некој начин, сето ова беше како сон. Проблемите беа многубројни, а најтешко ми паднаа оние со рамото и раката. Во Индонезија повторно гледав двојно два дена, а потоа истото ми се случи и во Ле Ман, овојпат во период од 12 часа. Почнав да размислувам за сето тоа и решив дека е време да застанам“, изјави Маркез.

Маркез заминува како еден од најуспешните мотоциклисти во историјата, со 10 титули од кои осум во кралската класа.