Мурињо донесе голема одлука за јануарскиот преоден рок!
Португалскиот стратег е задоволен од играчкиот кадар и не сака трансфер-шпекулациите да ја нарушат атмосферата во соблекувалната.
„Нема ниту еден играч што не ми се допаѓа или што не го сакам во тимот. Не сакам никој да дојде, ниту некој да си замине. Вратата е затворена од двете страни“, порача Мурињо.
По 13 одиграни кола во Ла Лига, Реал Мадрид е втор со 33 бодови, односно три поени помалку од лидерот Барселона.
Фото: Facebook/RealMadridCF