Нико Паз не сака во Реал, прва желба му е поранешниот англиски гигант!

Реал Мадрид би можел да се соочи со неочекуван проблем во плановите за враќање на Нико Паз. Иако „кралскиот клуб“ сака да го врати аргентинскиот фудбалер од Комо,  личните желби на фудбалерот во моментов се поинакви. Младиот играч не е убеден дека повторното доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ е најдобрата опција за неговата кариера.

Паз блеска под водство на Сеск Фабрегас и се наметна како еден од најважните фудбалери на италијанскиот тим. Токму затоа не сака да ја загуби улогата што ја има во Комо, каде што добива голема минутажа и простор да го покаже својот квалитет.

Главната пречка за негово враќање во Мадрид е конкуренцијата. Аргентинецот е свесен дека Арда Ѓулер и Џуд Белингам се меѓу играчите на кои Реал планира да ја гради иднината, па стравува дека повторно би морал да се бори за ограничена минутажа. Во целата приказна се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој според информациите од медиумите покажува сериозен интерес за негов ангажман. Англискиот гигант го гледа Паз како потенцијално засилување за средниот ред, особено во контекст на неизвесноста околу иднината на Бруно Фернандеш.

Сепак, Реал има силна позиција во преговорите. Клубот има договорена можност да го врати аргентинскиот репрезентативец во летото 2027 година за 80 милиони евра. Претходно Комо плати 60 милиони евра за дополнителни права врз фудбалерот, но мадриѓаните ја задржаа клаузулата за негово повторно ангажирање.