Без победник на Чаир, Реџепи тргна со реми на клупата на Брегалница

Шкендија Арачиново и Брегалница ги поделија бодовите одигрувајќи 0-0 на Чаир во првиот натпревар од 15. коло.

Арачиновци ја имаа инцијативата во текот на целиот натпревар, упатија повеќе удари од штипјани, но недостасуваше реализацијата, па двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.

Кај Брегалница ова беше прв натпревар на клупата за тренерот Џенгиз Реџепи кој до крајот на сезоната ќе има задача да избори опстанок во најсилната друштво.

Шкендија Арачиново, пак прави чекор назад во битката за позициите кои водат во Европа, тие се наоѓаат на петтата позиција со 19 бода, но Силекс сега има шанса да ги прескокне на табелата, сепак кратовчани ќе имаат тешка задача против Струга во ова коло.

Брегалница е на седмата позиција, првата над опасната зона со 15 бода.