Шок во Мото ГП: Се повлекува Марк Маркез!

Еден од најголемите мотоциклисти во историјата, Марк Маркез, донесе изненадувачка одлука да стави крај на својата кариера во Мото ГП.

Информацијата преку социјалните мрежи ја потврди неговиот тим, Дукати.

„Официјално - Марк Маркез одлучи да се повлече од Мото ГП шампионатот, а трката за Големата награда на Валенсија ќе биде неговиот последен настап како професионален возач за тимот Дукати Леново“, објави неговиот тим на социјалните мрежи.

Маркез зад себе има неверојатна кариера и дури 10 светски шампионски титули во мотоциклизмот, со што се вбројува меѓу најголемите имиња во историјата на овој спорт.