Пелистер ги преслуша во Битола, па решија да платат голман - осум милиони евра!

Германскиот ракометен репрезентативец и еден од најдобрите голмани во светот, Андреас Волф, договори голем трансфер и во летото 2028 година ќе го напушти Кил за да се пресели во Гумерсбах, со кого потпиша четиригодишен договор.

Според неофицијалните информации, Волф во текот на четиригодишната соработка треба да заработи околу осум милиони евра.

Доведувањето на искусниот голман ги потврдува високите амбиции на Гумерсбах, клуб кој во последните години бележи значителен напредок. Пред само четири години настапуваше во втората Бундеслига, а денес се наоѓа на петтото место во елитното германско првенство со 18 бода од 13 натпревари и серија од пет последователни победи.

Бундеслигашот трансферот на Волф го потврди само неколку дена по поразот во Битола од Пелистер во Европската лига.

Гумерсбах во овој момент го Гудјон Валур Сигурдсон, а на голманската позиција моментално се Игнасио Биоска, Бертрам Облинг и Лука Патрицио.

Интересно е што Волф последен пат против својот иден клуб настапи на почетокот од октомври, кога Кил славеше со 29-26. Германскиот голман тогаш запиша 14 одбрани и беше еден од најзаслужните за победата на својот тим.