И тоа се случи: Тим од Андора за првпат победи во групна фаза од европско натпреварување!
Интер беше првиот клуб од Андора што успеа да се пласира во лигашката фаза на натпреварување под капата на УЕФА, а до овој триумф немаше освоено ниту еден бод.
Андорците на стартот од натпреварувањето загубија од Мјалби со 0-2, потоа беа поразени од Универзитатеа Крајова со 1-3, како и од Црвена звезда со 1-2.
Интер поведе во 19. минута, кога Давид Лопез со одличен удар од работ на шеснаесетникот ја смести топката во горниот десен агол од голот на Данците.
Проблемите за Копенхаген се зголемија во 54. минута, кога Томас Деланеј доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.
Само три минути подоцна, Акос Макграф го удри Анвар Ернандез, по што судијата му покажа директен црвен картон, а воедно досуди и пенал за домаќините.
Фајсал Чуаиб беше сигурен од белата точка во 59. минута и ја зголеми предноста на 2-0. Копенхаген до крајот на натпреварот играше со двајца фудбалери помалку, откако остана без уште еден играч по исклучувањето на Марграф.
По четири одиграни кола, Интер Ескалдес има три бода, додека Копенхаген останува на седум.