Скандал по мечот на Елмас и Херера: Таткото на првиот човек на Фудбалскиот сојуз на БиХ удрил судија!

Натпреварот меѓу Борац и Аталанта во четвртото коло од Конференциската лига, кој заврши со победа на италијанскиот тим од 3-2 донесе и инцидент по последниот судиски свиреж. 

Борац одигра одличен натпревар пред своите навивачи и беше на чекор до голема сензација, откако имаше предност од 2-0. Сепак, тимот од Бергамо успеа да направи целосен пресврт и во самиот финиш да стигне до победа од 3-2. И покрај поразот, фудбалерите на тимот од Бања Лука добија аплаузи од трибините за одличната игра и прикажаното издание.

Сепак, позитивните впечатоци паднаа во втор план по инцидентот што се случил по последниот судиски свиреж. Имено, додека белгискиот судија Нејтан Вербомен го напуштал стадионот, еден маж му пришол и го удрил со рака по грбот.

Во расправијата се вклучи и тренерот на гостите, Маурицио Сари. Домашните биле незадоволни од судењето, особено поради фактот што Борац во завршницата играл со двајца фудбалери помалку. Босанските портал „Спортспорт“ го потврди и идентитетот на човекот од видео снимката. Станува збор за Спасан Жељковиќ, таткото на првиот човек на Фудбалскиот сојуз на БиХ, Вицо Жељковиќ.

Неколку судии од Босна и Херцеговина го потврдиле неговиот идентитет и откриле дека Спасан често се наоѓа покрај тунелот и за време на првенствените натпревари на Борац во Бања Лука.

Сега останува да се види дали делегатот на натпреварот го внел инцидентот во официјалниот извештај. Доколку тоа се случило, Борац би можел да се соочи со дисциплинска казна од УЕФА.

Инаку, на овој натпревар настапија и двајца македонски репрезентативец, Елиф Елмас кој ги одигра последните 15-тина минути од средбата и беше асистент за 3-2, додека Херера на спротивната страна заработи црвен картон.

Снимката од инцидентот можете да ја погледнете - ТУКА.