Потпис во Мадрид: Еден од најдобрите асистенти не оди никаде!

Брахим Дијаз го продолжи договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2031 година, потврди шпанскиот гигант.

Мароканскиот репрезентативец имаше договор до крајот на актуелната сезона, но со новата соработка обезбеди и зголемување на платата.

Како што пишува шпанскиот весник „АС“, преговорите за продолжување на договорот биле завршени уште во јуни.

За офанзивниот играч за врска во изминатиот период интерес покажувале и други клубови, но Дијаз воопшто не размислувал за заминување од Мадрид, и покрај скромната минутажа што ја добива оваа сезона кај Жозе Мурињо.

Дијаз сезонава одигра само 258 минути, но и покрај тоа успеа да запише четири асистенции. Во просек, Мароканецот асистира на секои 64,5 минути, статистика по која е најдобар фудбалер на Реал Мадрид.

Во сите натпреварувања повеќе асистенции од него имаат само Арда Ѓулер (девет), Килијан Мбапе (пет) и Џуд Белингем (пет).