Кадетките го растурија Косово на почетокот од квалификациите за ЕП!

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија до 17 години со победа над Косово (28-22) ги започна квалификациите за Европското првенство во 2027 година.

Македонија ја контролираше играта од самиот старт на натпреварот и го доби првото полувреме со 15-9, додека во вториот дел ја чуваше предноста и оствари триумф против Косово (28-22).

Најефикасни кај Македонија беа Клара Филимановски, Ивана Глогуновска и Мина Ѓурчевска со по пет голови, додека Саманда Коњухај запиша пет  погодоци за Косово.

Македонските кадетки следниот меч го играат утре од 18.30 часот против Литванија.