Кошмарна ноќ за Лејкерс - испуштија предност од 20 поени, а Дончиќ беше нападнат од навивач (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс доживеа болно разочарување во дербито против Сан Антонио Спарс, откако прокоцкаа огромна предност и загуби со 99-96. Но, поразот не беше единствената лоша вест за тимот од Лос Анџелес. Натпреварот го одбележа и непријатен инцидент со Лука Дончиќ непосредно по последната сирена.

Словенечкиот кошаркар беше во центарот на вниманието и на паркетот и по завршувањето на средбата. Тој постигна 31 поен, но ниту неговиот учинок не беше доволен за Лејкерс да ја задржат предноста и да стигнат до победа.

Лејкерс имаа целосна контрола во првото полувреме, во еден момент водеа и со 45:25, а на паузата заминаа со предност од 54:38. Сепак, продолжението донесе сосема поинаква слика. Сан Антонио ја подигна агресивноста, постепено ја топеше негативата и на крајот направи целосен пресврт за голема победа од 99:96.

Најзаслужни за триумфот на Спарс беа Стефон Касл со 26 поени и Виктор Вембанјама со 25 поени и 15 скока. Кај гостите, покрај Дончиќ, се истакна и Остин Ривс со 21 поен.

Сепак, најнепријатните сцени се случија по завршувањето на натпреварот. Додека Дончиќ се упатуваше кон соблекувалната, дојде до расправија со навивачи покрај теренот. Словенецот претходно фрли стегач кон нив, а потоа се врати да го земе. Во тие моменти еден од гледачите го турна, по што ситуацијата накратко се вжешти. Соиграчот Џеред Вандербилт реагираше и го задржа Дончиќ, додека обезбедувањето брзо интервенираше и го отстрани навивачот од салата.

 

 

Словенецот на прес-конференцијата објасни дека бил испровоциран од гледачите кои нешто му дофрлиле додека го напуштал теренот, а потоа и оттурнат од еден од нив. 

За Лејкерс овој пораз значеше и и елиминација од НБА Купот, па нема да се борат за првиот трофеј во сезоната.

РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Мајами 105-108
Детроит – Милвоки 113-98
Индијана – Филаделфија 87-111
Торонто – Бруклин 124-100
Бостон – Атланта 86-87
Минесота – Мемфис 109-114
Феникс – Далас 109-113
Портланд – Голден Стејт 116-94
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 104-105
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 99-96
Јута – Денвер 107-120