Потврден е спектаклот: Фјури доби дозвола да се бори против Џошуа!

Тајсон Фјури доби дозвола да се врати во рингот и да ја одржи борбата против Ентони Џошуа, откако ги помина сите потребни медицински проверки.

Британскиот боксерски одбор за контрола потврди дека нема пречки за неговиот настап. Одлуката доаѓа по бурните реакции предизвикани од изјавите на неговата сопруга Парис во новиот документарец на „Нетфликс“, во кој таа спомна дека Фјури има шизофренија.

Со ова се отстранети сомнежите околу неговата лиценца, а големиот дуел со Џошуа останува на програмата за 11 декември во Кардиф.