Челси доживеа нов срам: Нотингем Форест ја продлабочи кризата на „сините“

Поранешниот европски и англиски шампион Челси продолжува со разочарувачките резултати во Премиер лигата, откако загуби со 2-3 на гостувањето кај Нотингем Форест во натпревар од 12. коло.

Нотингем Форест поведе уште во петтата минута, кога Игор Жезус со прекрасен волеј ја затресе мрежата на гостите.

Морган Гибс-Вајт во 50. минута реализираше пенал за 2-0, а потоа Челси успеа да внесе неизвесност во завршницата преку Емануел Емега, кој во 54. минута го постигна првиот гол за гостите.

Гибс-Вајт во 72. минута повторно се запиша меѓу стрелците и ја зголеми предноста на 3-1, додека во 89. минута Емега намали на 2-3.

Фото: Facebook/Nottingham Forest