Вердер по неверојатна драма се спаси од пораз против Менхенгладбах (ВИДЕО)
Менхенгладбах поведе во 27. минута, кога Кевин Дикс беше прецизен од белата точка. Вердер возврати преку Ерен Динкчи, кој во 38. минута погоди за 1-1.
Веднаш по почетокот на второто полувреме, Франк Онора погоди за ново водство на гостите, а истиот фудбалер во 78. минута зголеми на 3-1. Се чинеше дека Борусија конечно ќе стигне до победа, но Вердер не се предаде.
Динкчи во 85. минута намали на 2-3 и ја врати неизвесноста, а кога се очекуваше последниот судиски свиреж, на сцена стапи Никлас Филкруг.
Фото: Facebook/SV Werder Bremen