Суров финиш за Интер Мајами, крај на сезоната за Меси - МЛС ќе добие нов шампион (ВИДЕО)
Мечот во Охајо долго време беше без голови, а се чинеше дека двете екипи ќе мораат да го решаваат победникот преку пенали. Сепак, во втората минута од судиското продолжение, Сантијаго Родригез го постигна решавачкиот погодок и предизвика еуфорија на домашните навивачи.
Акцијата започна по нафрлувањето на Анас Зарури, а Родригез успеа да ја смири топката во шеснаесетникот и прецизно да ја испрати зад грбот на голманот на Интер Мајами. Така, Колумбус ја запечати елиминацијата на големиот фаворит.
За Меси и соиграчите ова е особено болно разочарување, бидејќи во првиот натпревар на домашен терен загубија убедливо со 0-3. Во реваншот имаа неколку добри можности да се вратат во игра, но не успеаја да ја затресат мрежата на противникот. Каземиро дури постигна гол со глава по одличното додавање на Меси, но погодокот беше поништен поради офсајд. Герман Бертераме пропушти уште една голема шанса, додека голманот Патрик Шулте со неколку интервенции го сочува својот тим.
Меси ја завршува сезоната со импресивен индивидуален учинок – 26 голови и 17 асистенции во регуларниот дел од првенството, со што ја освои „Златната копачка“ во МЛС-лигата втора година по ред. Сепак, неговиот тим не успеа да го потврди квалитетот кога беше најважно и оди на одмор кој ќе трае до февруари.