Дончиќ за инцидентот со навивачот: Тоа го правам по секој натпревар (ВИДЕО)
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс појасни дека, како и по речиси секој натпревар, сакал да ја подари својата лента на навивач од првите редови. Меѓутоа, откако слушнал дека навивачката не ја сака, се вратил да ја земе, по што дошло до непријатната ситуација.
„Само ја фрлив лентата, како што правам на речиси секој натпревар, а потоа слушнав дека таа не ја сака. Се вратив за да ја земам, а тој едноставно ме турна. Потоа му ја дадов на некој друг“, изјави Дончич на прес-конференцијата по натпреварот.
Инцидентот се случи по поразот на Лејкерс од Сан Антонио со 99-96, со кој тимот од Лос Анџелес беше елиминиран од НБА-купот.
Luka Doncic involved in an incident walking off the court following game at Spurs: https://t.co/920AalPX6O
— Underdog NBA (@UnderdogNBA) November 28, 2026